Трилер завршница со среќен крај, одбојкарите преку Хрватска до финалето во Европската лига

фото: Слободен Печат/Драган Митрески

Одбојкарската репрезентација на Македонија обезбеди пласман во финалето на Европската сребрена лига откако на завршниот турнир кој се игра во салата „Парк, во Струмица во вистински трилер натпревар ја совладаа Хрватска со 3:2 во сетови и тоа со 15:25,25:19,25:22,21:25, 15:12. Ова ќе биде четврто финале за одбојкарите во Европската лига. Одбојкарите во финалето ќе играат со победникот во второто полуфинале во кое ќе се сретнат Данска и Унгарија.

Првиот сет и припадна на селекцијата на Хрватска која беше убедлива со 15:25. Во вториот сет работите се сменија, избраниците на селекторот Матијашевиќ заиграа далеку подобро, капитенот Никола Ѓорѓиев ги предводеше своите соиграчи до измранување на 1:1 во сетови, а потоа и до водство од 2:1 откако третиот сет го освоија во трилер завршница.

Хрватска го возврати ударот во четвриот чет, „коцкестите“ речиси во текот на целиот сет имаа предност, а во финишот влегоа со предност од 19:24 по што стана јасно дека патникот во финалето ќе биде познат по одигрување на последниот петти сет.
Во него, Хрватска подобро отвори, имаше предност од три поени (4:7), , но во тие моменти следеше серија од шест поени по ред на избраниците на Матијашевиќ за водство од 10:7 кое не го испуштија до крајот. Капитенот Никола Ѓорѓиев блескаше со 24 поени, додека одлична игра прикажа и Љафтов

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот