Триесет бремени жени побарале совети и помош од „Гласен Текстилец”-Штип

Фото: Профимедиа

Од почетокот на воведувањето на вонредна состојба до денеска во здружението „Гласен Текстилец”-Штип се обратиле над 30 бремени жени работнички кои побарале совет за користењето на мерките од страна на Владата, вели Кристина Ампева од „Гласен Текстилец”-Штип. Деновиве повторно за совети и помош се јавуваат бремените жени.

ние кои се на договор на неопределено работно време, често се консултираат со правничката од здружението и успешно ја користат оваа уредба и се дома. Но имаше и работодавачи, кои правеа притисок и бараа да се вратат бремените на работно место, по што работнички се обратија до нас и побараа помош. За истите се направени известувања до работодавач од нивно име и во прилог испратени извештаи од матични гинеколози кои ја потврдуваат бременоста и укажуваат на ослободување од физичко присуство на работно место и користење на уредбата за времено ослободување на бремената, вели Ампева.

Таа додава дека до денеска имаат седум вакви известувања до работодавачите и едно барање до Државен трудов инспекторат. Посочи дека важно е да се спомне  и пресудата во корист на бремената жена  работничка од Куманово која е отпуштена додека ја користела уредбата за ослободување од работа.

Но, главен проблем е со оние бремени жени кои се вработени на определено. Ампева вели дека тие и покрај уредбата на Владата да не одат на работа, сепак продолжуваат да работат на своите работни места, бидејќи како што вели се плашат да го користат ова право, поради можноста да не им се продолжи договорот за работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот