Три полуфиналиња за боксерите – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Три полуфиналиња за боксерите

Одличен успех на македонските боксери на турнирот во Врбас.

Македонските кадетски репрезентативци браќата Илхан и Ајхан Озмен вчера победија на борбите на Националниот Куп во Врбас 2019 и обезбедија полуфинале.

Илхан Озмен во категоријата до 60 килограми го победи Ференц Саму од Унгарија, кој на последното Европско првенмство се закити со бронзениот медал. Во полуфиналето противник  на Илхан Озмен е репрезентативецот на Русија, Максим Шумов.

Ајхан Озмен во категоријата до 66 килограми славеше победа над Дарко Мрдовиќ од Црна Гора. Противник на Ајхан Озмен во утрешното полуфинале ќе биде боксерот од Романија, Себастијан Трандафир.

Третиот македонски боксер, Адријан Аземи кој се натпреварува во категодијата над 80 килограми, денеска ќе ги вкрсти ракавиците со Алија Месиќ од БИХ во полуфиналето на овој турнир.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close