Три фактори ќе влијаат врз предвремените парламентарни избори во Бугарија

Жена поминува покрај изборни плакати на БСП во Софија, Бугарија / Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Политичката кампања во Бугарија во моментов е многу динамична, коментира за БНР социологот од „Алфа рисрч” Борјана Димитрова, јави дописникот на МИА од Софија.

– Многу динамични фактори влијаат врз јавното мислење во Бугарија. Долго време немаше таква изборна кампања во Бугарија во која настаните се толку динамични – додаде Димитрова.

Таа е категорична дека многу различни настани ќе влијаат на кампањата за бугарските парламентарни избори, што се закажани на 11 јули.

– Три фактори ќе бидат клучни. Прво која партија ќе освои најмногу гласови. Според најновата анкета, разликата помеѓу ГЕРБ-УДФ на Бојко Борисов и Има таков народ на шоуменот Слави Трифонов е минимум два процентни – истакна Димитрова.

Таа предвидува дека во следниот состав на бугарскиот Парламент ќе има шест до седум партии.

– Втор фактор е изборната поддршка за партиите што протестираат. Има сигнали дека е можно да се приближат позициите помеѓу Постои таков народ и Демократска Бугарија – посочи Димитрова.

Таа како трет фактор го наведува односот на граѓаните кон различните опции за влада по изборите во Бугарија.

Постои висок степен на поларизација и поделба во бугарското општество на оваа тема, но сепак најголемата поддршка од околу 40 проценти има опцијата за формирање политичка влада со јасен мандат на политичките партии. Околу 25 отсто од гласачите ја поддржуваат актуелната привремена влада. Сегашниот модел на управување е многу попривлечен за некои гласачи во Бугарија – посочи Димитрова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот