Трезеге: Франција – Англија ќе биде најдоброто четвртфинале за гледање на Мундијалот

Тренинг на англиската фудбалска репрезентација на СП 2022/фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Поранешниот француски репрезентативец Давид Трезеге, кој успеа да го совлада англискиот тим со „петлите“ на Евро 2004 година, четвртфиналето меѓу двете селекции на Светското првенство во Катар во најава го дефинираше како „најдобро за гледање“.

– Имав шанса да го запознаам Герет Саутгејт преку ФИФА. Тој не е класичен англиски тренер, многу подисциплиниран тактички. Вокер е многу силен фудбалер, тој исто така игра во тим кој оди на победа на секој натпревар. Тој е брз, силен, игра во лига каде физичката способност е многу важна. Ќе биде добар дуел со Мбапе. Франција ја прави разликата во своите натпревари благодарение на крилните напаѓачи, кои имаат и техника и брзина – изјави Трезеге за агенцијата Франс прес.

Трезеге кој во својата кариера со француската селекција освои по една европска и светска титула, имаше коментар и за селекторот Дидие Дешан.

– Дешан се труди да не ги разбранува работите премногу, тој чувствува дека неговиот тим е добар. Кога ќе влезат резервите, динамиката не се менува. Ова е тренер кој замина во историјата. Тој е свесен за квалитетите на неговите играчи и тоа е многу важно на Светското првенство. На врвните играчи од таков калибар им треба само мал совет. Тој е многу силен во тоа. Дешан ги разбира своите играчи и на тој начин го извлекува максимумот од тоа – вели Трезеге.

Четвртфиналниот натпревар на СП во Катар помеѓу Англија и Франција ќе се игра в сабота (10 декември) од 20.00 часот.

– На крајот на 90-тите, најголемиот ривал беше Италија. Англичаните дојдоа подоцна, во 2004 година почувствувавме дека се враќа големо ривалство. Шпанија е исто така една од тие големи тимови. Англичаните ги сфаќаат своите квалитети. Тие се самоуверени. Тоа е натпревар во кој и навивачите ќе имаат свој удел. Според мене тоа ќе биде најдоброто четвртфинале за гледање – заклучи Трезеге.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот