Третата срцева трансплантација помина успешно: Почна да чука срцето на 39-годишна пациентка!

Успешно заврши третата срцева трансплантација во Македонија од телото на почината 40-годишна дарителка, чие семејство дозволи да бидат пресадени и нејзините бубрези. Подоцна во текот на денот ќе бидат извршени и трансплантациите на бубрезите кај друг пациент.

Срцето на почнатата дарителка почна да чука кај 39-годишна пациентка во 11.30 часот утринава, по петчасовна сложена операција на државна кардиохирургија.

– Доцна синоќа заедно со моите колеги Националната координаторка за трансплантација доц. д-р Маја Мојсова Мијовска, тимот кардиохирурзи проф. д-р Сашко Јовев, академик Жан Митрев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев и д-р Тања Анѓушева ги направивме подготовките за трансплантација на срце и бубрези од мртов донор чие семејство даде согласност да се донираат органите на пациентот, напиша утринава министерот за здравство Венко Филипче, кој беше во тимот што ја направи третата транплантација на срце.

Веста дека операцијата е завршена прв ја објави д-р Митрев.

– Кога е човечки живот во прашање, не е важно дали е ден или ноќ, викенд или работен ден. Тимот лекари придружени од анестезиолозите, како и тим на перфузонисти, инструментари, медицински сестри ја изведоа оваа операција која траеше околу 5. Станува збор за 40 годишна жена чие семејство даде согласност, нејзиното срце да продолжи да чука во градите на 39 годишна жена. Исто така се очекуваат уште две бурежни транспланатации во текот на денешниот ден, напиша Митрев.

Ова е првата жена кај нас што доби вештачко срце. Во сите три случаја, и кога пациентите беа мажи, дарителки на срце се (семејствата на) починати жени.

Подоцна во текот на денот ќе бидат извршени и трансплантациите на бубрезите кај друг пациент.

Оваа информација ја потврди и министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил.

-Почна да чука новото срце  во градите на 39 годишната жена на која утрово и беше извршена трансплантација. Тешката операција траеше 5 часа. На пациентката и посакувам побрзо опоравување, напиша тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот