Трансфер бомба: Баерн Минхен го договори трансферот на Сане

EPA-EFE/PETER POWELL

Кога германскиот шампион ќе науми да купи некој играч тоа го прави експресно брзо.

Баерн Минхен успеа во својата намера да го ангажира Лерој Сане од Манчестер сити.
Оваа вест ја потврди еден од најверодостојните новинари кога станува збор за трансферите на Баерн Минхен, Кристијан Фок.

Фок пренесува дека Баерн платил 50 милиони евра за Сане чиј договор истекува наредното лето, а самиот фудбалер ќе потпише петгодишен договор. Германскиот репрезентативец во Баерн го очекува дресот со број 10.

Лерој Сане на „Алијанц Арената“ требаше да се пресели уште минатата година, тогаш Сити бараше 100 милиони евра, а Баерн нудеше 80 милиони, но тешката повреда на лигаментите на Комјунити шилд натпреварот го спречи трансферот, а самиот фудбалер пропушти голем дел од сезоната.

Претходно германскиот шампион успеа бесплатно од ПСЖ да го донесе талентираниот стопер Тангуј Куаси кој има само 18 години и на кого му предвидуваат блескава кариера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот