Трамп тврди дека САД собориле ирански дрон во Ормутскиот Теснец, Иран негира дека тоа се случило

Американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека американски разорувач соборил еден ирански дрон во Ормутскиот Теснец меѓу Оман и Иран, кој го спојува Персискиот со Оманскиот Залив.

Трамп изјави дека се работи за уште една непријателска акција на Иран и ги повика другите земји да ги осудат, како што ги нарече, иранските обиди да се наруши слободата на пловидба и глобална трговија на стратешките морски патишта во Персискиот залив.

Тој прецизираше дека дронот е соборен во одбранбена акција на американскиот разорувач „Боксер”, откако иранското летало му се доближило на бродот на помалку од еден километар и не одговорило на неколку повици да се повлече.

Но Иран тврди дека такво нешто не се случило.

– Немаме никаква информација за загуба на дрон – изјави иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф. Тој не кажа ништо друго во врска со наводниот инцидент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот