Трамп следната недела ќе биде сослушан за неговиот импичмент

Одборот за правда при Претставничкиoт дом го покани претседателот Доналд Трамп и неговиот адвокат на сослушување во рамките на истрагата за можен импичмент на претседателот. Одборот за ова објави на својот сајт соопштение за јавноста.

Распитот ќе се одржи во среда, идната недела. Во соопштението се вели дека на седницата ќе се разгледува уставната втемеленост на претседателскиот импичмент.

Демократскиот конгресмен Џери Надлер, претседател на Одборот за правда, изјави дека испратил писмо до Трамп за да забележи дека правилата на одборот дозволуваат на сослушувањата да присуствува и претседателот, а конгресменте имаат право да постават прашања до неговите адвокати, кои во случајов ќе бидат сведоци.

-Всушност, претседателот има избор: тој може да ја искористи можноста да биде застапуван на сослушувањата за импичмент или може да престане да го обжалува процесот. Се надевам дека тој претпочита да учествува во процесот, директно или застапуван од свои правни советници, како што правеа и други претседатели, изјави Надлер.

Претседателот на Одборот за разузнавање, Адам Шиф, изјави дека комитетите што ја спроведуваат истрагата ќе ги презентираат своите извештаи веднаш откако законодавците ќе се вратат на работа по продолжениот празничен викенд во САД по повод Денот на благодарноста.

Во моментов, истрагата заеднички ја водат одборите за правда, за разузнавање и за надворешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот