Трамп повика веднаш да се отворат црквите и другите верски објекти

Фото: EPA-EFE/Stefani Reynolds / POOL

Во САД викендов е празник Ден на сеќавањето, посветен на сите Американци кои загинале во бој во разни војни и ја дале конечната жртва за нацијата.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повика гувернерите да овозможат црквите и другите верски објекти во сојузните држави да ги отварат вратите, додека земјата полека ги укинува мерките на карантин по епидемијата од коронавирус.

На брифинг за новинарите денеска во Белата куќа Трамп изјави дека „ги идентификувам верските објекти како цркви, синагоги, џамии, за суштински места кои обезбедуваат суштински услуги”.

-Гувернерите треба да направат тоа што е исправно, и да овозможат овие важни суштински места за вероисповест да се отварат веднаш, за викендот, изјави Трамп. Додаде ако не го сторат тоа, „ќе ги анулира нивните решенија. Во Америка нам ни треба повеќе места за молитва, не помалку”.

Во САД викендов е празник Ден на сеќавањето, посветен на сите Американци кои загинале во бој во разни војни и ја дале конечната жртва за нацијата.

Претходно, по повод овој ден, претседателот нареди знамињата на сите владините згради и споменици да бидат спуштени на половина копје во следните три дена за сеќавање на Американците кои ги загубија животите во пандемијата на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот