Трамп негира дека е заинтересиран да го додаде својот лик на Маунт Рашмор, но вели дека „звучи како добра идеја“

Американскиот претседател Доналд Трамп ги негираше наводите на „Њујорк Тајмс” и Си-Ен-Ен дека е заинтересиран за можноста да го додаде својот лик во познатиот споменик на Маунт Рашмор во Јужна Дакота, но рече дека „звучи како добра идеја”.

Трамп во неделата вечер на Твитер објави фотографија на која стои пред планината Рашмор, така што изгледа како тој да е петти лик на тој споменик.

Веднаш потоа на Твитер го демантираше извештајот на Њујорк Тајмс дека со гувернерката на Јужна Дакота, Кристи Ноем разговарал за можноста неговиот лик да се најде со ликовите на поранешните претседатели Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон, Теодор Рузвелт и Абрахам Линколн.

– Никогаш не сум го предложил тоа, иако врз основа на многу работи што ги постигнав во последните три и пол години, можеби и повеќе од кој било претседател, тоа ми звучи како добра идеја, напиша Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот