Трамп на Твитер: Помала турканица низ Вашингтон отколку што се очекуваше

Во време кога стотици илјади Американци протестираат по улиците во градовите низ САД против полициската бруталност, претседателот Донал Трамп има малку поинакво мислење, тврдејќи дека во Вашингтон има „помала турканица отколку што би требало да се очекува”.

“Многу помала турканица во Вашингтон отколку што се очекуваше. Националната гарда, тајната служба и полицијата во Вашингтон прават фантастична работа. Им благодарам”, твитна Трамп, опишувајќи го тоа што се случува на улиците низ САД повеќе од 10 дена.

Граѓаните, револтирани од неговите твитови, одговорија со објавување на снимки и фотографии од улиците на САД преплавени со демонстрантите.

„Има повеќе луѓе отколку на неговата инаугурација”, коментираше еден од твитерџиите.

Трамп, исто така, ги обвини телевизиите Си-Ен-Ен и Ем-Ес-Ди-Ен-Си  за „потпалување” на демонстрантите, истакнувајќи дека имале среќа што  имале многу мала публика.

„Закон и ред”, напиша Трамп, а многу граѓани го искоментараа, од навреди како оние за „Глупавиот и поглупавиот”, па се до сериозни критики и дебати.

Протестите главно минаа  без инциденти. Демонстрираа главно одеа мирно со музика, освен во Сиетл каде полицијата се судри со демонстрантите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот