Tрамп ќе го потпише законот за одбрана, предвидени се 738 милијарди долари

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе потпише законот за одбрана, за кој се предвидени 738 милијарди долари наменети за сите политики од семеен одмор до воени авиони.

„Сите наши приоритети влегоа во НДДА: Зголемување на платите на нашите војници, изградба на нашата армија, граничната безбедност и вселенските сили“, напиша Трамп на Твитер.

Тој додаде дека Конгресот не треба повеќе да го одлага законот и веднаш да го потпише.

За законот да стапи во сила двата дома на Конгресот треба да го изгласаат, но демократите претходно најавија дека ќе гласаат против НДДА (законот за одбрана).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот