ВИДЕО | Трагедија во срцето на Њујорк: Огормен кран падна среде улица, повреди шест лица

Падна кран во центарот на Њујорк

Градежен кран се запали па се урна денеска на Менхетен. Делови од кранот се распрскаа па ја оштетија и соседната зграда пред железото да падне на улица, во центарот на Њујорк.

Шест лица се повредени, меѓу кои двајца пожарникари, пишува Њујорк пост.

„Го гледате овој кадар на улица. Овој можеше да биде многу полошо“, изјави градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, додавајќи дека неговите реагирале на вистински начин.

Инцидентот се случил над 10-та авенија на улицата 41, а кога паднал, кранот оштетил облакодер лоциран преку улицата, пренесува АП.

Пожарникарите стационирани на покривот на друга зграда користеле црева за да го изгаснат пожарот, а околните улици се затворени за сообраќај.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот