Трагедија во Гостивар: Бик усмрти старец на сточниот пазар

Бик за курбан бајрам/Фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Повозрасен жител на селото Врбен во општина Маврово Ростуше починал од повреди што му ги нанел бик при истовар од камион на сточниот пазар во Гостивар.

Според СВР Тетово, денеска во 9 часот во СВР Тетово е пријавено дека на добиточниот пазар во Гостивар, при истоварање од камион, бик го удрил неговиот 82-годишен сопственик Љ.С.од гостиварското село Врбен.

Според првичните информации, старецот се обидел да го наведе животното да се симне од камионската приколка, но во еден момент тоа со главата удрило во телото на Љ.С. и му нанело тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад”, каде веднаш бил пренесен за укажување  лекарска помош.

Набргу тој им подлегнал на повредите. Јавен обвинител и екипа на Одделението за внатрешни работи Гостивар извршиле увид на местото на настанот и по извршениот медицински преглед телото на починатиот било предадено на семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот