Топката е во дворот на Украина, Русија сака да ги продолжи мировните преговори

Владимир Медински/Фото: EPA-EFE/PAVEL GOLOVKIN / POOL

Русија е подготвена да ги продолжи разговорите со Украина, замрзнати на иницијатива на Киев, изјави денеска главниот руски преговарач Владимир Медински.

– Ние од наша страна подготвени сме за продолжување на дијалогот. Но, би сакал да нагласам дека топката, кога станува збор за натамошните мировни преговори, е во дворот на Украина, истакна тој за белоруската телевизија ОНТ, јави Тасс.

Медински повтори дека до замрзнување на разговорите дошло „целосно” на иницијатива на Украина.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот