Тони Надал: За Федерер секогаш имавме план, против Новак не знавме што да очекуваме

Тони Надал и Рафаел НадалEPA/JUANJO MARTIN

Интересна изјава на вујкото и поранешен тренер на Рафаел Надал.

Тони Надал гостуваше во подкастот на телевизијата Евроспорт и повторно изјави дека за неговиот внук отсекогаш било потешко да игра против Новак Ѓоковиќ отколку со Рожер Федерер.

За Рожер секогаш имавме план. Против Федерер знаевме дека Рафа со форхенд можеше силно да ги удира високите топки, и доколку таа тактика поминеше имавме големи шанси за победа.
Но, со Новак постојано беше вака, пффффф… Не знаеш точно што можеш, што мораш да играш но мора постојано да бидеш фантастичен. Се сеќавам на финалето на УС Опен од 2013 година кога Рафа го доби првиот сет, а Новак израмни на 1:1.Во третиот сет Новак имаше брејк и ни беше многу тешко. Се сеќавам дека Рафа тогаш ми рече: Тони што да правам? А, јас од ложата му реков да ги удира топките на средина на теренот. Тогаш му реков на Карлос Коста кој седеше покрај мене: Се што треба е да одиме во црква, да се помолиме и да чекаме нешто да се смени„, открива Тони Надал.

Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ меѓу себе имаат играно 55 пати, а води српскиот тенисер кој има 29 победи, наспроти 26. триумфи на Надал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот