Томовски и Гурбиндо нови засилувања за Вардар 

Вардар ќе ја наплати „слободата“ на Гурбиндо/фото: EPA-EFE/MADS DALEGAARD

Македонскиот репрезентативец Мартин Томовски и Едуардо Гурбиндо ќе бидат нози засилувања за екипата на Вардар, пишува „Спорт1.мк“.
„Спорт1“ пишува дека Гурбиндо во понеделник треба да пристигне на лекарски прегледи, а треба да претставува замена за Марко Вујин кој неодамна ги напушти „црвено-црните“.
Гурбиндо настапува на позицијата десен бек и пристигнува од екипата на Нант каде е соиграч со капитенот и селекторот на македонската репрезентација, Кире Лазаров.

EPA-EFE/ENNIO LEANZA

Второто засилување за Вардар е репрезентативниот голман Мартин Томовски кој потпишал двегодишен договор и во СЦ „Јане Сандански“ ќе пристигне по завршување на оваа сезона.
Пристигнувањето на Томовски од германскиот бундеслигаш Лудвигсхафен, најверојатно ќе значи заминување на Французинот Робин Кантегрел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот