Том Круз сака да ја обнови врската со ќерката после 8 години!

Сури Круз од разводот на родителите до денес, нема никаков однос со нејзиниот татко, актерот Том круз. Но, како што пренесуваат медиумите, тоа наскоро ќе се смени.

Иако од 2012 година, кога се разведоа Кејти Холмс и Том Круз, тој има право да ја гледа ќерка си по 10 дена месечно, одби да го прави тоа, поради правилата на верата. Имено, бидејќи Сури не припаѓа на скиентолошката црква, Том не смее да контактира со неа.

Том Круз на австралиската премиера на филмот ‘The Mummy’ / Сиднеј, Австралија / Фото: EPA-EFE/DAN HIMBRECHTS


Опседнатоста на Том со скиентологијата го доведе до развод од Кејти, а поради тоа тој го жртвуваше и односот со ќерка му. Но, според неговите пријатели, Том сега планира да ја напушти скиентолошката црква за да го обнови односот со Сури.

Актерот наводно ги видел нејзините најнови фотографии и сфатил дека сака да биде дел од нејзиниот живот.

Фото: Профимедиа

„Виде колку е порасната и сето тоа го смени. Том ги жртвуваше најважните работи во својот живот поради скиентологијата и ако се откаже од неа, ќе биде само поради ќерка му“, тврдат пријателите на Том. 

Медиумите пишуваат дека Том на Сури редовно ѝ праќал писма, кои Кејти ги криела од неа. Сури наводно ги нашла писмата во домот на родителите на Кејти во Охајо, ги прочитала и посакала да се види со татко ѝ. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот