Толку скапо, а сепак не ѝ чини: Меланија Трамп во прекроено здолниште од 7000 евра (ФОТО)

профимедиа

Меланија Трамп во средата се појави на претседателскиот прием одржан во Белата куќа, во модна комбинација која предизвика низа реакции. За средбата со еквадорскиот претседател Ленин Морен и неговата сопруга Росио, 49-годишната прва дама облече тесно здолниште со зимски примероци и бел џемпер врз кој имаше нагрнат минт-капут. Модната комбинација таа ја дополни со розови салонки од плиш.

Profimedia

Секако, најмногу внимание привлече токму здолништето чиј дизајн го потпишува италијанската куќа „Salvatore Ferragamo“, а чија цена спoред модната платформа „Moda Operandi“ изнесува 7000 евра. Интересно е тоа што Меланија сепак не била задоволна со оригиналниот дизајн и го прекроила долниот дел од розова свила. Судејќи според коментарите на друштвените мрежи, тоа бил полн погодок, бидејќи нејзините нозе не поминаа незабележено.

Profimedia

Првата дама на Америка досега сме имале можност безброј пати да ја видиме со капут кој е лесно префрлен преку рамената. Всушност, овој гест стана нејзин заштитен знак. На друштвените мрежи своевремено се појавија теории дека таа тоа го прави за да не мора да го држи својот сопруг за рака.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот