„Тојота“: Време е за роботи со 5G технологија

„Тојота“ тврди дека 5G ќе го отвори патот до роботи во реални сценарија и ќе им овозможи да учествуваат во спасувањето на жртвите од природните катастрофи и да станат дел од системот за медицинската нега.

Имено, хуманоидниот робот на Т-HR3 на „Тојота“ веќе може да се контролира со употреба на 5G мрежата, а тестовите досега се ограничени на поврзување со кабел. 5G мрежни кабли не се потребни, бидејќи роботите им овозможуваат да добиваат информации речиси истата секунда од кога се испратени, што го прави далечинскиот управувач многу поефикасен. Благодарение на тоа, роботите ќе можат полесно да се вклучат во современиот живот и да им помогнат на луѓето да се справат со најризичните ситуации.

Така, 5G овозможи уште еден голем чекор во областа на современата технологија, а третата генерација хуманоидна „Тојота“-роботика овозможи уште поголема функционалност. Моделот T-HR3 исто така беше создаден во рамките на еден проект дизајниран да создаде технологија која ќе им помогне на луѓето во различни ситуации – дома, во болници, во големи катастрофи, на градилиштата и во многу други прилики.

Уште во ноември 2018 година, „Тојота“ и „Докомо“ објавија дека успешно го тестираат моделот Т-ХР3 користејќи ја петтата генерација мобилни комуникации – 5G, додавајќи дека тестирањето е спроведено под контролирани услови и дека роботот бил раководен на растојание од околу 10 километри. „Докомо“ е водечки јапонски мобилен оператор, кој придонесе за развојот на 5G мобилната мрежа со ниска латентност која се користи за управување со роботот, што значително придонесе за развојот на 3G, 4G и 5G мобилни мрежни технологии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот