Тинејџерка убиена откако ајкула ја нападнала во река во Австралија

Тинејџерка (16) од Австралија загинала откако била нападната од ајкула во река. Според Си-Ен-Ен, девојката била нападната додека пливала во реката Свон. Според полицијата, таа скокнала во водата за да плива со делфините кои биле во близина. Полицијата ја извлекла од реката и се обидела да и го спаси животот, но таа загинала на местото на несреќата.
Не е познато каков тип на ајкула го нападнала девојчето, но локалните медиуми јавуваат дека можеби станува збор за бик-ајкула, која нормално живее во повеќето реки низ Австралија. Овој вид ајкула може да живее и во свежи води, па често навлегува во реките.
„Устието на реката Свон е добро живеалиште за ајкулите и тоа значи дека луѓето можат да дојдат во близок контакт со нив. За жал, некои средби завршуваат лошо и во овој случај со трагичен исход“, вели Ендрју Чин од Универзитетот Џејмс Кук.