Тинејџер ги хакирал Твитер налозите на Безос, Маск и Гејтс

Кларк се товари по 30 точки од обвинението за измама на повеќе луѓе ширум САД поврзани со хакирањето на Твитер налозите на познати и моќни Американци на 15 јули.

Седумнаесетгодишниот Грем Кларк од Тампа, Флорида е обвинет дека хакирал повеќе Твитер налози, помеѓу кои и на најбогатиот човек во светот Џеф Безос, сопственикот на „Тесла”, Илон Маск и основачот на Мајкрсофт, Бил Гејтс.

Кларк се товари по 30 точки од обвинението за измама на повеќе луѓе ширум САД поврзани со хакирањето на Твитер налозите на познати и моќни Американци на 15 јули.

Според обвинението Кларк имал намера да ги украде идентитетите на познатите личности, за да ги наведе жртвите да му испратат биткоини. За само еден ден на Кларк му се уплатени биткоини во вредност поголема од 100.000 долари.

На мета на Кларк беше и поранешниот американски претседател Барак Обама, како и претседателскиот кандидат на демократите, Џо Бајден и Мајкл Блумберг.

Државното обвинителство ќе го процесира Кларк како полнолетен, бидејќи законот во Флорида овозможува малолетни лица да бидаат обвинети како возрасни во случај на финансиски измами.

Уште двајца мажи се обвинети пред сојузниот суд во Калифорнија за стекнување на корист од хакирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот