Тимови на Црвен крст ќе помагаат за надминување на топлотниот бран

Црвениот крст на Град Скопје, со поддршка на градските власти, ќе започне со теренски активности во насока на справување со најавени топлински бранови.

Како што соопштуваат од Црвениот крст, согласно искуствата од претходните години, мобилните екипи составени од волонтери од Тимот за одговор при катастрофи ќе патролираат низ градот Скопје и тоа во централното градско подрачје како и поголемите автобуски постојки каде ќе  дистрибуират вода.

Во среда (29.07), четврток (30.07) и петок (31.07) мобилните тимови ќе бидат на терен во периодот од 10:00-16:00 часот. За активностите во наредниот период, ангажирани ќе бидат 12 волонтери распоредени во четири тима со четири возила. Се планира дистрибуција на 800 шишиња или 400 литри вода на дневна основа.

– Со овие активности ќе се вклучиме во делот заштита на здравјето на граѓаните од нашиот град, со посебен акцент на превентивните активности и теренска активност на обучени волонтери од Тимот за одгoвор при катастрофи на Црвениот крст на град Скопје почитувајќи ги препоракиоте за заштита од ковид19 во овој период, се наведува во соопштението. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот