ТИЈАНА откри со кого ТАМАРА ќе снима дует

facebook

Тијана Дапчевиќ викендов беше гостинка во емисијата „Премиера – викенд специјал“ и зборуваше за учеството на нејзината сестра на Евровизија.

Таа е презадоволна од настапот и од пласманот на Тамара, а особено важно за неа биле 12-те поени што Македонија ги доби од Велика Британија.

„Важно е што доби 12 поени од Велика Британија, која е колевка на музиката. Не знаеме дали гласовите на публиката се такви. Тоа никогаш нема да го знаеме. Тоа не е теорија, тоа е завера. Нема врска што таа е моја сестра, таа одговори на задачата.“, рече Тијана.

На Тијана не ѝ се допаднало што стручното жири на Македонија не ѝ даде ниту еден глас на Србија, односно на Невена Божовиќ.
„Јас сум разочарана што стручното жири не ѝ даде ниту еден бод на Србија. Тоа не е Македонија, тоа се седум луѓе кои така одлучиле, што е погрешно до бесвест. Македонија гласаше за Невена, бидејќи реално, немаа за кого друг да гласаат“, рече Тијана.

На крајот, Тијана ja откри и ексклузивната вест дека Тамара ќе снима дует со Швеѓанецот.
„Еве, да откријам ексклузива. Тамара ќе снима дует со Швеѓанецот кој беше втор. Тој и пришол и ѝ рекол: Дали е можно дека не си црнка? Кој може така да пее?“

eurovision.tv

Тијана откри дека Тамара се спријателила и со Италијанецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот