Тетовската компанија „Еколог” донира 50 таблети за онлајн настава за деца од Велес

Тетовската компанија „Еколог” и нејзините сопственици Дестани денеска во Општина Велес предадоа донација од 50 таблети наменети за ученици кои не се во можност да следат онлајн настава.

Лазим Дестани, еден од сопствениците, истакна дека биле поттикнати од правото секое дете да има право на пристап до современите технологии и затоа донацијата е наменета за ученици кои во оваа вонредна ситуација не можат да ја следат онлајн наставата.

– Една од најважните работи што можеме да ја направиме заеднички за време на кризата на Ковид-19, е да се осигураме дека децата кои се нашата иднина без пречки ја продолжуваат наставата, изјави Дестани.

Градоначалникот Аце Коцевски се заблагодари за донацијата и посочи дека во Велес има 403 ученици, најголем дел од основните училишта, кои не можат да ја следат онлајн наставата.

– Се надевам дека и други компании од земјава, особено од Велес, ќе го следат овој пример и со заеднички сили ќе можеме да придонесеме и да обезбедиме што повеќе таблети за да може децата да ја следат наставата, рече Коцевски.

Компанијата „Еколог” досега има обезбедено околу 4.000 таблети за децата во голем број општини во земјава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот