Тешко вооружување на Јариње: Косовските специјалци извадија оклопно возило со пушкомитралез

Косовска полиција/ Фото: Kosovo-online.com

Припадниците на специјалната единица на Косово денеска на граничниот премин Јариње донесоа специјално оклопно возило на кое е поставен пушкомитралез.

Претходно над Јариње патролираа два српски „орли“ кои направија два круга и си заминаа.

По прелетот на „орлите“ косовската полиција, според неофицијалните информација пуштила дрон, кој прелетал над подрачјето под блокада.

Протестот на Србите на Косово, незадоволни поради одлуката на Приштина за замена на регистарските таблички со српски ознаки и распоредувањето на специјалните полициски сили на административните премини Брњак и Јариње траат веќе 7 дена.

На блокадата долга околу 3 километри се наоѓаат неколку десетици камиони и повеќе десетици возила на граѓани од северот на Косово, но и дваесетина блиндирани возила на РОСУ и џипови на косовската полиција.

Ситуацијата на премините кои со денови се блокирани со камиони и тешки машини моментално е мирна, но напната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот