Тешко повредена жена во сообраќајка во Скопје

Фото: Илустрација

Незгодата се случила на булеварот „Кузман Јосифоски-Питу“.

Вчера попладне во Скопје автомобил удрил во пешак и побегнал, по што жената со тешки повреди била пренесена во градската болница.

Вчера во 16 часот било пријавено дека на булеварот „Кузман Јосифоски-Питу“ во Скопје непознато патничко возило удрило во пешакот Ц.Б.(80) од Скопје, по што го напуштило местото на настанот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Б., констатирани во градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде била пренесена за укажување на лекарска помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот