Терористички напад во Сирија, најмалку десет мртви

Сирија експлозија/ Фото: EPA

Автобус во Сирија бил погоден од експлозивна направа во рурална област каде што се активни припадници на Исламската држава.

Најмалку десет работници на нафта во источна Сирија загинале во терористички напад врз нивниот автобус, пренесува Вашингтон Пост.

Сириската државна агенција САНА објави дека цел на „терористичкиот напад“ бил автобус со работници кои се враќале од нафтеното поле Карата во источната провинција Деир ал Зур.

Агенцијата наведува и дека еден работник е повреден.

Сириската опсерваторија за човекови права потврди дека нападот се случил, но наведува дека двајца работници се повредени.

Автобусот бил погоден од експлозивна направа во рурална област каде што се активни припадници на Исламската држава, прецизира организацијата од Велика Британија.

Сириските владини сили ја презедоа контролата врз нафтеното поле во септември 2017 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот