Тер Штеген останува на голот на Барселона уште пет години, од клаузулата боли глава
Марк Андре Тер Штеген ќе биде на голот на каталонскиот клуб најмалку до 2025 година, а доколку некоја екипа сака да го купи ќе мора да плати дури 500 милиони евра колку што изнесува откупната клаузула.
Германскиот репрезентативец на „Камп Ноу“ пристигна во о2014 година од Борусија Менхенгладбах. На почетокот од сезонава не беше на голот на Барселона поради повреда на коленото.
– Сакам уште многу години да играм на „Камп Ноу“ и да освојувам титули. Нема поголема мотивација за мене, се надевам дека наскоро со навивачите ќе ги славиме новите победи. Барселона стана мој дом и дом на моето семејство и презадовлен сум и на теренот и надвор од него. Многу брзо се договоривме – изјави Тер Штеген.
Тер Штеген откако е на голот на Барселона освои четири шампионски титули во Ла Лига, четири кралски купа како и како и еден пехар од Лигата на шампионите во 2015 година.
– Сакам да ја продолжам убавата приказна која започна 2014 година. Клубот и навивачите од почетокот ме прифатија како да сум едне од нив и тоа е чувство кое никогаш нема да го заборавам – изјави Германецот.
?❤️ @mterstegen1 tiene algo que deciros pic.twitter.com/BIXj7RsKAx
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) November 11, 2020