Тепачка меѓу хулиганите на Поли и Динамо! (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

libertatea.ro

Навивачите на Динамо низ Темишвар поминувале на патот за Арад, каде што нивниот клуб играше натпревар.

Тука дојде до вербален, а потоа и до физички судир. Се користеа палки, столици, различни тврди предмети…

Според видео записите од Темишвар, повеќе повредени имаше на страната каде што беа навивачите на Поли, а кога пристигна полицијата, хулиганите почнаа да бегаат.

Во рамките од романскиот куп во 1/16 финалето УТА Арад загуби со 1:3 од Динамо Букурешт.

Во најсилното романско фудбалско првенство после 10 одиграни кола на првата позиција по 21 бод се Клуж и Вииторул Констанца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот