Тенисерката која е побогата од Ѓоковиќ, Надал и Федерер, заедно ќе игра во четвртото коло на Австралија Опен

Таткото на Џесика Пегула, Тери е милијардер/ фото: EPA-EFE/RAY ACEVEDO

Американката Џесика Пегула ја совлада Нурија Паризас Дијаз со 7:6,6:2 и се пласира во четвртото коло на Австралија Опен. Пегула во следното коло ќе се обиде да го израмни најголемиот успех во кариерата, тоа е пласман во четвртфиналето на Австралија Опен, кој го постигна минатата година.

Таа се најде во центарот на тениската јавност минатата година кога во Мелбурн го победи Викторија Азаренка, Саманта Стосур, Кристина Младеновиќ и Елина Свитолина пред да загуби од Џенифер Брејди која пак стигна и до финалето.

Но, парите кои Пегула ги заработува од тенисот се вистинска ситница бидејќи еден еден ќе наследи милијарди долари. Имено, нејзин татко е Тери Пегула, кој од продажба на природен гас заработи повеќе од четири милијарди долари.

Тери Пегула во 2014 година го купи НФЛ тимот Бафало билс и тоа победувајќи го Доналд Трамп кој исто така беше заинтересиран да го купи клубот. Тери е сопственик и на НХЛ екипата Бафало Сајберс, а малцински акционер е неговата сопруга Ким.
Џесика моменто се наоѓа на 18 место на ВТА ранг листата и тоа е нејзин најдобар ранкинг.

За разлика од Пегула која реди победи во Мелбурн, вистинско изненадување претставува елиминацијата на бранителката на трофејот Наоми Осака. Таа е поразена од Аманда Анисимова во три сета и тоа со 4:6,6:3,7:6.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот