Тенисерка со осум прсти ќе игра на Вимблдон

Третиот годинешен Гран слем турнир, Вимблдон, ќе се одржи од 1 до 14 јули, а посебна ѕвезда на него ќе биде 18-годишната Франческа Џонс која доби вајлд карта за настап на престижниот турнир.

Причината за тоа е што Џонс е родена со ретко генетско пореметување (EED или EEC). Таа е родена со испреплетени прсти и по неколку операции, Џонс има по три прсти и два палци на рацете, четири прсти на левата нога и само три прсти на десната нога.

Поради тој хендикеп, Франческа Џонс имаше големи проблеми со рамнотежата но нејзината волја, желба и борбеност ја однесе на најпрестижниот тениски турнир во светот, со што покажа дека не постојат граници за неа.

– Секогаш велам дека најголемо задоволство во животот е тоа што луѓето велат дека не е возможно. Тоа е моето мото и живеам со него. Секојдневно работам напорно и ги соборувам своите граници. Знам колку се борев досега за да станам тенисерка. Верувам дека можам да се приближам кон врвот и не треба никогаш да ве ограничува нечие мислење на другите луѓе – вели Џонс која моментно се наоѓа на 297 место на ВТА ранг листата.

Таа без проблеми и негодување, напротив со гордост зборува за својот хендикеп.
– Имам четири прсти на рацетем три прсти на левата нога и помалку заби од поголемиот дел од луѓето. Родена сум со испреплетени прсти и навистина не знам на колку операции бев досега – зборува Франческа Џонс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот