Тажни фотографии од Бритни Спирс! Пејачката фатена како излегува од болница, а само да видите како е облечена! (ФОТО)

Фото EPA/NINA PROMMER

Славната Бритни Спирс (38) веќе 12 години води борба со своето ментално здравје, а дека и понатаму не е се во ред покажуваат и новите фотографии.

Истите се направени кога Бритни излегувала од клиниката во Лос Анџелес заедно со своето обезбедување.

Фото: Профимедиа

Поп-принцезата на фотографиите изгледа растроена, несредена и нималку среќна. Покрај несредената фризура и размачкната шминка, Бритни на себе носи фармерки и бела маичка под која нема градник.

Колку не и било грижа што има облечено, говои и фактот што на нозете пејачката носела отворени сандали и бели спортски чорапи.

Фото: Профимедиа

Факт е дека со Спирс повторно нешто не е во ред, а нејзините загрижени обожаватели пред два дена токму за тоа „расправаа“ на Инстаграм. Причината беше видео кое Бритни го објави, а на кое таа танцува во својот дом.

Причината за полемиката на фановите била тоа што Бритни на видеото имала премногу јака шминка околу очите, а нејзините обожаватели претпоставуваа дека таа не се избањала неколку дена.

Инаку нејзиниот менаџер во март 2019 изјави не се знае дали некогаш Бритни повторно ќе прави концерти…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот