Таткото на Асанж е загрижен дека неговиот син ќе се соочи со смртна казна доколку биде екстрадиран во САД

Џулијан Асанж / Фото: Твитер

Таткото на Џулијан Асанж, основачот на Викиликс, Џон Шиптон, изрази загриженост дека неговиот син ќе се соочи со смртна казна доколку биде екстрадиран во САД.

Во интервју за Би-Би-Си, пред контроверзното сослушување за екстрадиција што треба да започне следната недела, тој нагласи дека е загрижен за здравјето на Асанж затоа што е „постојано анксиозен”.

САД го бараат Асанж по 18 обвиненија за обид за хакирање, истекување информации и кршење на Законот за шпионажа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот