Татко во Украина го врзал шестгодишното дете како куче за правилно да го воспита (ФОТО)

Полицијата се запрепастила кога го затекнала шестгодишното дете како клечи, врзано со синџир за врата.

На неговото тело биле откриени и трагови од физичко злоставување, а таткото признал дека го тепал детето со цел „правилно да го воспита“, соооштила регионалната полиција во Луганск.

-Детето беше врзано како куче – пренесува „Дејли Меил“.

Потоа, шестгодишното момче било одведено од домот во селото Ајдар-Миколаивк во Луганската област, на исток во Украина.

Според првичните сознанија, на таткото ќе му се одземат секакви родителски права и ќе одговара пред судот поради тоа што детето го изложувал на тортура, за што му се заканува максимална казна од пет години затвор.

Полицијата реагирала откако момчето им се доверило на пријателите. Тие им кажале на своите родители, кои ја известиле полицијата.

Момчето било примено во болница поради подетални прегледи, а најверојатно ќе биде сместено во сиропиталиште.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот