ТАТКО СИ ГИ УБИЛ ЧЕТИРИТЕ ДЕЦА И СОПРУГАТА: Мртвите тела шест недели ги чувал дома (ФОТО)

Фото: Принтскрин

Мајкл Џоунс Јуниор (38) од Флорида ја убил својата жена и четирите мали деца, шест недели ги чувал нивните тела во семејната куќа, а потоа одлучил да ги пренесе во американската сојузна држава Џорџија и таму да ги фрли телата.

Кејси Џоунс (32) и нејзините деца, на возраст од една до 10 години, последен пат биле видени пред шест недели во оградот Окалио во областа Марион.

Семејството на Кејси го пријавила исчезнувањето во сабота навечер, информирала полицијата, додавајќи дека не е јасно зошто исчезнувањето не е пријавено од порано.

Кој знае како би се извлекол Џоунс да не доживеал сообраќајка несреќа во округот Брентли во Џорџија во саботата навечер. Лев Стрикленд берел јаболка во близина кога слушнал силно трескање. Човекот сфатил дека се случила несреќа и истрчал да помогне, но како што се доближувал до комбето, така чувствувал ужасен мирис.

– Никогаш не сум почувствувал таков мирис во животот – рекол Стрикленд на новинарката на „Си-Ен-Ен“. На прашањето дали имал претстава што има во комбето, тој рекол дека не знае.

– Човекот што возеше ми рече дека во комбето има тело и дека тоа смрди. Чудно се однесуваше – додава Стрикленд.

Фото: Принтскрин

Кога стигнала полициската патрола, полицајците прво прашале каков е тој чуден мирис. а Џоунс ладно им одговорил: „Можеби сакате да ми ставите лисици бидејќи имам мртво тело во комбето“.

И навистина, полицајците во комбето го пронашле телото на Кејси. Џоунс признал дека телата на четирите деца ги фрлил во шума. Иако телата се уште не се идентификувани, полицијата верува дека тоа се остатоци од неговите деца, Камерон (10), Престон (5), Меракали (2) и Ајан (1).

Џоунс бил уапсен поради убиство, возење во суспендирана дозвола, бегање од правдата и други прекршоци, а функционерите велат дека на обвинението можат да бидат додадени уште неколку работи.

Фото: Принтскрин

– Како родител, срцето ми крвари. Како полицаец, бесен сум и решен ова да го истерам до крај – изјавил шерифот Били Вудс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот