Татко и син уапсени во „Идризово“, му носеле дрога на другиот син во затворот

Затворот во Идризово, Фото: МИА

Двајца жители на Скопје добија кривични пријави откако се обиделе да внесат марихуана и хероин во затворот „Идризово“, за нивниот син и брат, кој издржува казна.

„СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ш.А.(58) и М.А.(17), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”. На 06.03.2021 околу 12.00 часот, при влез во Затворот Идризово, затворската полиција извршила претрес над пријавените, при што кај нив пронашле и одзеле марихуана и хероин, кои имале намера да му ги предадат на синот на Ш.А., кој издржувал затворска казна во Затворот Идризово“, се вели во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот