Татјана Алексиќ: Кој чисти знае како се топат калории

Додека сите мака мачат како да ги симнат килограмите, таа е на режим за дебелеење.

Има 54 години, сопруга, мајка на два сина, 28 и 20 години, професорка во средно училиште и изгледа токму вака. Најмалку дваесет години помладо. Се прашувате како? Ќе ви открие токму таа – Татјана Алексиќ.

Додека сите мака мачат како да ги симнат килограмите, таа е на режим за дебелеење. Ама нема чистачка дома, таа сама, како што знае да се пошегува, со најразлични перформанси и сценски настапи, го одржува домот. Не вози автомобил веќе десет години, се движи и трча по автобуси, вели Татјана Алексиќ.

 

– Во континуитет, од најраната младост ја негувам кожата на лицето и на телото. За мене, тоа е основна хигиенска навика, секојдневен ритуал пренесен од мајка ми, бабите, стрина ми… Кога растеш покрај негувани жени, не можеш поинаку. Два-три пати годишно одам на темелно чистење на лицето во комбинација со кристален пилинг кај д-р Петрушевска, а кога имам можност и на класично чистење на лицето со масажа, кај мојата маалска козметичарка Мими. Во последно време стекнав апсолутна доверба во кремите на германскиот бренд „Логона“, исклучителна козметика со долга традиција и широка палета на природни производи. Најмногу ми годи серумот и антиејџ-програмата, која гарантира видливо подмладување на кожата. Практикувам туширање, користам пилинг-ракавица. Сакам да наполнам када со морска сол и маслиново масло и добро да се истријам од глава до петици. После секое туширање – масло од лаванда, а во лето млеко за тело со дискретен шајмер кој ѝ дава вештачка свежина на кожата.

 

Омилена активност ѝ е чистењето по дома, но на тоа ги додава трчањето по автобуси и движењето, бидејќи десет години не вози автомобил, и драмските проби во училиште.

– Многу се движам, веќе десет години не возам автомобил, што значи трчам по автобуси и одам пешки. Со учениците од „Корчагин“ секоја сабота имаме драмски проби со кореографии и физичка активност, што на овие години е сериозен тренинг. Три месеци вежбав во студиото на одличен фитнес-тренер, Тања Блажевска, сега паузирам, па, напролет, повторно. Секојдневна и омилена физичка активност ми е чистењето по дома – кој чисти добро знае како се топат калории кога бришеш прозори, па имаш сценски настап со правосмукалка и џогер, склекови додека собираш прашина под кревет, истегнување со лов на пајажина по плафонот и слични перформанси.
Од септември е на режим за дебелеење, јаде дење-ноќе што ќе стаса и се „залива“ со 1.500 калории во шише. Стасала до 60 килограми, на 175 висина, и како што вели, заличела на нахрането суштество. Решила да дојде до идеалните за неа 65 килограми и ќе продолжи со консумирање додатни калории – единствено решение за додавање килажа. Се надева дека и климаксот природно ќе ѝ додаде некое килце.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот