Таравари позитивен на ковид-19: Не ги спроведуваме анти-ковид мерките, се претвараме во оружје еден против друг

Арбен Таравари/ Фото: Архива на Слободен печат

Градоначалникот на Општина Гостивар Арбен Таравари соопшти дека е инфициран со корона вирусот.

– Штотуку го добив резултатот од тестот и се покажа дека сум заразен со вирусот Ковид-19. Мојата информација има за цел да помогне во епидемиолошката истрага и на влијанието да ја подигне свеста што е можно повеќе за спроведувањето на мерките. Сите сме во оваа игра, никој не може да се заштити сам … со тоа што не ги спроведуваме анти-ковид мерките, своеволно се претвараме во оружје еден против друг. Јас ке бидам под силен надзор од страна на лекарите, и благовремено ќе ве информирам за сè. Чувајте се, наведе Таравари на неговиот фејсбук-профил. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот