Таневски останува тренер на „Пандевци“

фото: Академија Пандев

Александар Таневски и во наредната сезона ќе го предводи тимот на Академија Пандев. Тој на почетокот од пролетниот дел од сезоната седна на клупата на „Пандевци“ и успеа да се пласира во полуфиналето на Купот на Македонија.

„Александар Таневски останува на тренерската позиција на Академија Пандев. Задовоството за продолжување на соработката е обострано, а Таневски потполно се вклопува во стратегијата на клубот особено кон давање шанса и подигање на квалитетот на младите играчи во сениорскиот тим. Таневски го одреди и својот тим на помошни тренери: Ѓорѓе Стојчев, Ристо Ристов и Александар Стојанов, тренер на голмани Томи Пандев и кондиционен тренер Перо Костовски“, објави Академија Пандев на својата официјална Фејсбук страница.

Таневски стартот на подготовките за новата сезона го закажа за 1. јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот