Таксистите се пожалија: Без лиценца нема жолти таблички, ниту без жолти таблички лиценца, проблемот остави 300 возачи без работа

Таксисти со нови жолти регистарски таблици / Фото: ,,Слободен печат" - Драган Митрески

Жолтите таблички, кои задолжително мора да се стават на такси возилата, оставија без работа повеќе од 300 такси возачи во Скопје. Таксистите денеска се пожалија дека не можат да добијат лиценца без жолти таблички, а од друга страна без лиценца не можат да ги добијат таквите таблички. Поради тоа бараат да се стави во мирување новиот Закон за патен сообраќај, за да можат во одреден период да добијат лиценци со белите таблички, за потоа да можат да си ги добијат и жолтите.

 Имаме проблем со издавање на жолтите таблички со тоа што голем дел од колегите седат по неколку месеци дома и не можат да добијат жолти таблички. Проблемот е што кога ќе го сменат нивното возило, одат во станица за технички преглед, таму не им даваат жолти таблички, викаат треба да имаат мал извод од лиценца, а за да го добијат тоа се препраќаат во Градско собрание, додека таму им викаат дека треба да добијат жолти таблички – рече Ѓорги Мариновски, пренесувајќи го ставот на 19 такси компании засегнати со овој проблем.

Тој нагласи дека околу 200 такси возила моментно се паркирани дома и не можат да работат поради тоа што не можат добијат лиценца, а во меѓувреме плаќаат придонеси за фирмата. Ако не може да се реши проблемот, како што рече, бараат новиот Закон за патен сообраќај да се стави во мирување.

Законот е донесен во Министерство за економија и тие треба да го разгледаат, но како што разбравме треба најмалку три месеци тој закон да се смени. Затоа ги замолуваме институциите тој проблем да го стават во мирување, луѓето да можат да извадат лиценци на бели таблици, па кога ќе се усогласи законот ќе ги префрлат на жолти таблици за да можат луѓето да се вратат на работа, затоа што тие веќе неколку месеци седат дома. Мислам дека тоа е најдобро решение – рече Мариновски.

Таксистите исто така се жалат и на процедурите за технички преглед и како што велат, „високите казни за мали дефекти коишто не соодвестуваат со нивните примања“, а тоа пак, ги принудува возачите да се откажат од работата. Тие бараат промена и на  тие законски одредби  од страна на Министерството за внатрешни работи со адекватно решение за сите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот