Тајсон му се пуштил на Џордан: Знам дека спиеше со жена ми

фото: твитер

Мајк Тајсон освен што беше голем боксерски шампион, беше познат и по темпераментното однесување надвор од рингот. Неговите испади често доспеаја до јавноста, а дел полека се откриваат.

Една од анегдобите која излезе во јавноста неодамна е таа дека Мајк Тајсон сакал да го натепа Мајкл Џордан. Настанот се случил 1988 година за време на роденденската забава на тогашниот НФЛ играч, Ричард Дент.

Причината поради која Тајсон бил подготвен да се пресмета со кошаркарот на Чикаго е поранешната сопруга на боксерот, Робин Гивенс.

„ Мајк Тајсон седеше и го пиеше својот омилен пијалок, а кога ќе се напие, неговите вистински чувства излегуваат од него. На келнерите им реков да му долеваат вода бидејќи приметив дека гледаше кон столот каде што седеше Мајкл Џордан. Тогаш Мајк му дофрли: Еј, мислиш дека сум глуп? Знам дека имаше секс со онаа моја к**ка.

Џордан изгледаше како да видел дух, а Мајк продолжи: Знам дека имаше нешто со неа. Можеш да му кажеш – пишува во својата книга Рори Холовеј, поранешниот телохранител на боксерот.

Џордан се обидел да го избегне инцидентот и едвај спасил жива глава.
„ Мајкл Џордан сакаше само да избега. Не сакаше да има нешто со Мајк, кој потоа се сврте кон славниот НФЛ тренер, Мајк Дитка и почна да го провоцира.

Тоа беше циркус, вистински циркус. Дон Кинг се обиде да ја смени темата и се обидовме да го смириме Мајк. Тој зборуваше дека ќе го претепа Мајкл. Тој ден Мајкл немаше шанси да му избега на Тајсон“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот