Иако има 54. години, легендарниот боксер Мајк Тајсон уште еднаш покажа дека има „динамит“ во рацете.
Тајсон интензивно се подготвува за враќањето во рингот, на 28. ноември го очекува егзибициски меч со 50-годишниот Рој Џонс јуниор и на социјалните мрежи често објавува видеа од тренинзите.
На едно од последните видеа, Тајсон за малку ќе му „откинеше“ главата на својот тренер Рафаел Кордеиро.
Имено, во моментот кога спарингуваше и вежбаше разни комбинации, Тајсон го промаши фокусерот и со „десницата“ за малку ќе го нокаутираше својот тренер.