Тајната на фризурата на кралицата Елизабета: Откриено зошто токму така се стрижела

Фото: Профимедиа

Кралицата Елизабета Втора, најдолговечната владетелка на Велика Британија, почина на 8 септември, на 96-годишна возраст. Денеска ковчегот со нејзиното тело беше донесен во Вестминстерската палата, каде што ќе остане четири дена пред погребот, така што многубројни почитувачи и обожаватели ќе се простат од Елизабета Втора.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)


Деновиве се откриваат многу детали од животот на оваа голема владетелка, од тоа како го добила прекарот, кој ѝ е омилен член на семејството, преку комплицираната врска со сестра ѝ, па дури и што ќе се случи со нејзините омилени миленичиња… Една од темите за која се пишува е и фризурата на Елизабета Втора, која практично не ја променила од моминските денови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)


Нејзината коса е целосно симетрично потстрижена, а постои и причина за тоа.

– Нејзината коса мора да изгледа исто од едниот и од другиот профил. Така што, без разлика од која страна луѓето ја гледаат, косата секогаш изгледа сосема исто. Се верува дека кралицата избрала траен минивал за да ја скроти својата природно брановита коса. Кадриците можат да траат неколку месеци, нешто што се покажа како многу корисно во текот на карантинот поради коронавирусот. Во текот на првите неколку месеци од пандемијата, кога правилата беа строги за сите, вклучително и за британската монархија, таа, наводно, сама ги стилизирала своите кадрици – открил извор за британските медиуми.

Инаку, кралицата порано ја бојадисувала косата и тоа со боја наречена „Чоколаден бакнеж“ (Chocolate Kiss), а од оваа навика се откажала во 1990 година, кога пуштила да ѝ излезат побелените влакна. Како што стареела, одлучила да ја скрати косата и да остави само две кадриџи од страните, токму за да го постигне тој ефект на огледало – да изгледа исто од левиот и десниот профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)


Цели 23 години го имала истиот фризер, станува збор за Шкотланѓанецот Иан Кармајкл, кој живеел и работел во Лондон. Кралицата еднаш неделно ја средувала косата и тогаш Иан доаѓал во Виндзор или во Бакингемската палата, во зависност од тоа каде таа престојувала во тоа време. Извори блиски до британската монархија откриле дека таа често умеела сама да се дотерува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)


– Кралицата со години сама си ја средуваше косата во Балморал во текот на летните одмори, така што тоа воопшто не ѝ било непознато. Сама си ја миела косата и си ја средувала фризурата и била многу добра во тоа – открил изворот.

Почина кралицата Елизабета Втора

Кралицата Елизабета Втора беше цели 70 години на тронот иако немаше формално образование

На кралицата Елизабета Втора само еден човек смеел да ѝ се обрати по име

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот