Тајландски судија сакал да се убие поради изречена ослободителна пресуда

Тајландскиот судија Канакорн Пијанчана, во петокот се обидел да се самоубиство во судницата, откако морал, поради недостиг на докази, да изрече ослободителна пресуда.

Тој ослободи петмина муслимани обвинети за убиство. По изрекување на пресудата, ја изговорил судијската заклетва се застрелал во градите, но го преживеал обидот за самоубиство.

Како што пренесува Би-Би-Си, Пијанчана оставил и соопштение, во кое наведува дека трпел притисоци заради овој случај.

„Ако не си сигурен во нивната вина и немаш доволно докази, немој да ги казниш“ рекол судијата пред да го извади пиштолот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот