Беше значаен дел од златната ера на македонската народна музика: На денешен ден пред 5 години почина Ѓоко Дончев
Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше познат македонски пејач и значаен дел од златната ера на македонската народна музика. Дончев има создадено голем број песни кои се слушаат и денес: „О доме мој“, „Чуј ги куме свирачите“, „Сношти Кате пак те видов“, како и дуетот со Петранка Костадинова …

