Автобиографски записи содржи збирката раскази „Како сепија, со мастило правам место за себе во светот“ од Живко Грозданоски
Од печат излезе најновата, четврта збирка кратки раскази од Живко Грозданоски, прозаист, преведувач, поет и актуелен претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Книгата, која носи индикативен наслов „Како сепија, со мастило правам место за себе во светот“ содржи 26 кратки автобиографски раскази, поместени во пет циклуси. „Автобиографските записи се мошне малку распространети во нашата …

