„Безвременска“ е новиот хит на Тарабунов!

Македонскиот пејач Александар Тарабунов ги изненади сите со новата песна која е насловена „Безвременска“.Пејачот не само што ја изведува песната, туку е и автор на музиката и аранжманот. Заедно со Зоран Зонде Стојановски учествувале во пишувањето на текстот на песната.Погледнете го спотот во кој се појавува и прекрасниот модел Сара Дамчевска.