СТРАШНА НЕСРЕЌА ВО ХРВАТСКА: Се сруши спортски авион, пилотот успеал да преживее

Кај Хвар се сруши спортски авион, пишува Јутарни лист, пренесува Еспресо.рс. Пилотот, германски државјанин, е спасен, бидејќи наводно туристи кои во моментот на несреќата биле на јахта веднаш го превеле во градот Хвар каде му е пружена лекарска помош. Спортскиот авион се срушил денеска околу 15 часот. Истрагата е во тек.